Мис на Украина ја изгуби титулата оти лажела дека нема дете

Украина– Мис на Украина Вероника Дидусенко останала без освоената титула бидејќи од организаторите скрила важна информација за својот приватен живот.

Таа скрила дека има дете и дека била мажена во пријавата за изборот на убавина, но организаторите и комисијата дознале и ја дисквалификувале.

Според правилата за националниот избор на убавица, кандидатките не треба да бидат мажени и да имаат деца. Поради тоа, Вероника го губи и правото за учество на изборот за Мис на светот, што ќе се одржи во декември во Кина.

Она што треба украинската комисија да го одлучи за кратко време е дали првата придружничка ќе ја добие титулата или повторно ќе се организира избор.