Миркуловски: Со навивачите, со знаење и со среќа одиме до полуфинале

Македонската ракометна репрезентација како првопласирана ја заврши групната фаза. Вечерва со европскиот првак Германија, Македонија одигра нерешено 25:25.

– Доста беше пласман во следна фаза, сега со навивачите, со знаење и со среќа ќе можеме и до полуфинале. Завршивме први во група пред Германија и Словенија и нема застанување. Одиме чекор по чекор, имаме три дена за одмор, добро ќе ги залечиме повредите. Чешка е незгодна репрезентација, но имаме добар скор со нив. За Шпанците ќе имаме мала предност дека го имаме Раул на клупа – изјави во микс зоната Филип Миркуловски.

Македонија првиот натпревар од групата ќе го игра на 21.јануари.