Мира Марковиќ осудена на една година затвор

Високиот суд во Белград ја осуди поранешната сопруга на Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на ЈУЛ, Мирјана Марковиќ, на една година затвор под обвинение дека влијаела врз членовите на владината комисија за нелегално распределување државни станови во 2000 година.

Со истата пресуда поранешниот секретар на Владата на Србија, Живка Цица-Кнежевиќ, е осудена на една и пол година затвор, додека тогашниот директор на ДИПОС, Милош Лончар, на една година за кривичното дело злоупотреба на службената должност, а Марковиќ за поттикнување на извршување на кривичното дело.

Марковиќ беше осудена во отсуство поради тоа што беше недостапна за судските власти во Србија, и во 2005 година беше издадена меѓународна потерница за апсење.

Поради оваа причина, судот ја отфрли одлуката за притвор од 17 април 2003 година. Оваа првостепена пресуда беше објавена скоро 15 години по започнувањето на кривичната постапка. Осудените лица, нивните бранители, како и обвинителството имаат право да се жалат на одлуката на овој суд до Апелацискиот суд во Белград.