Министерството за здравство го осуди инцидентот во Општата болница Кочани

Министерство за здравство денеска преку соопштение изрази најостра осуда за инцидентот во Општата Болница Кочани и бара целосно расветлување на случајот.

– Сметаме дека насилството врз докторите и медицинскиот персонал не смее да се толерира со што превземаме мерки да се воведе дополнително обезбедување на сите нивоа на здравствена заштита. Со оглед на зачестеноста на појавите на вербални и физички напади на докторите, Министерството за здравство презема активности за дополнително обезбедување и воедно ги повикува сите здравствени установи да преземат активности за да се обезбеди соодветна заштита и нормални услови за работа, стои во реакцијата на Министерството за здравство.