Министерот за култура ја поддржува иницијативата за театар во Гостивар

Министерот за култура Асаф Адеми вчера се сретна со иницијаторската група, т.е. Комисијата за основање театар во Гостивар.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувале и режисерот Сулејман Рушити, претседател на Комисијата, како и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата.

Било договорено до 30 септември Комисијата да изготви информација до Владата на Република Македонија за потребата за основање на оваа институција.

Министерот Адеми изразил подготвеност да помогне на оваа иницијатива, изразувајќи ја добрата волја за нејзино реализирање.