Министерот за култура Адеми на Меѓународниот семинар по балканологија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска учестуваше и ги поздрави присутните на Меѓународниот семинар по балканологија, кој се одржа во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје.

Министерот за култура во своето обраќање пред присутните ја нагласи важноста на оваа установа која со своите активности стана епицентар и столб на повеќето научни и културни активности на Албанците во Македонија. Тој истакна дека Меѓународниот семинар за балканологија е уште еден доказ дека Институтот ги надминал албанските географски, јазични и политички граници, но и границите на Македонија, за да отвори еден балкански дијалог и да ги студира меѓубалканските комуникации.

„Тоа што ми остава впечаток во насловот на семинарот е дека овој Институт сега веќе се претвора и во една арена на балканската дебата, во проектант или градител на посакуваниот балкански идентитет“, посочи министерот за култура.