Министерот за култура Адеми го посети Музејот на Македонија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна посета на Музејот на Македонија каде се запозна со состојбите во оваа национална установа, како и со проектите кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура.

Тој беше информиран и за текот на активностите за санација на покривната површина, ентериерно и екстериерно уредување во музејот.