Министерот Димитров и посака добредојде на Клаудија Кардинале

Битола-Филмската дива Клаудија Кардинале (80) синоќа прошета по црвениот ќилим до Центарот за култура, каде што свечено ѝ беше врачена наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а пред свеченоста ја поздрави и ѝ посака добредојде министерот за надворешни работи Никола Димитров. Фотографијата од средбата Димитров ја објави на својот ФБ профил.

Италијанската актерка во Битола допатува со својата ќерка, која се вика исто како неа – Клаудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.

Освен неа, во Битола, гостин е и Роџер Дикинс, лауреатот на „Златната камера 300“ за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела.

Клаудија Кардинале е со импозантна филмографија од над 175 улоги во филмови, телевизиски серии и краткометражни филмови. Во нејзината богата кариера настапувала заедно со филмските партнери Марчело Мастројани, Берт Ланкестер, Ален Делон и други.

Претходни ѕвезди кој дојдоа во Битола се и Катрин Денев, Жулиет Бинош, Изабел Ипер Викторија Абрил и Дерил Хана.

ФФК „Браќа Манаки“ кој трае до 29 септември, денес продолжува со претпладневна прес конференција за светската и македонска премиера на краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов – Изи, и разговор со Клаудија Кардинале кој ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура во Битола.