Мина Блажев на 12. место на детскиот Евросонг во Грузија

ГРУЗИЈА- Македонската претставничка Мина Блажев (14)  го освои 12. место на детскиот Евросонг во Тбилиси, Грузија, со песната “Dancing Through Life“. Веселата ѕвездичка која освои 69 бода, настапи облечена во креација од Јована Филиповиќ.

Победник на детскиот Евросонг е Русинката  Полина Богушевиќ. Полина собра 188 поени, со песната „Крилја“, а по неа следеше 12-годишниот Грузиец, Григол Кипшидзе кој освои 185 поени со песната “Voice of my heart“, и австралијката Изабела Кларк со 172 поени – за песната “Speak Up!“

Оваа година, за прв пат, во изборот на победникот во конкурсот за деца можеа да учествуваат и гледачите со онлајн гласање.Во натпреварот учествуваа млади изведувачи од 16 земји: Австралија, Албанија, Ерменија, Белорусија, Грузија, Ирска, Италија, Кипар, Македонија, Малта, Полска, Португалија, Русија, Србија, Холандија и Украина.