Милошоски не го чека ВМРО-ДПМНЕ: Побара пари за бојкот

И пред да го слушне ставот на политичката група на која што и припаѓа, пратеникот Антониот Милошоски побара пари од Собранието за својата кампања за бојкотирање на референдумот. Во соопштение до собраниските служби, тој ги известува дека е против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција.
За јавна кампања, без оглед каков став застапуваат, пратениците добија 80 милиони денари од власта.