Милан му понудил 7 милиони евра годишно на Конте

Раководството на Милан му понудил годишна плата од 7 милиони евра на тренерот Антонио Конте, објави „Дејли мирор“.
Конте, кој го предводеше Челзи минатата сезона, најверојатно ќе ги преземе „росонерите“, заменувајќи го Џенаро Гатусо.
Во моментов, 48-годишниот Конте го тужи Челзи за девет милиони фунти за предвремено раскинување на договорот со лондонскиот клуб.
Антонио Конте е поранешен тренер на Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари, Челзи и италијанската репрезентација.