„Мизантроп“ на режисерката Ана Вукотиќ премиерно на „Охридско лето“

Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува вечер со премиера на претставата „Мизантроп“ на Молиер, во изведба на „Театар Комедија“. Црногорската режисерка Ана Вукотиќ ја подготови претставата специјално за фестивалот во Охрид и таа е резултат на повеќегодишни преговори со овој скопски театар. Премиерата ќе биде вечер на големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот.

електорот на драмската програма на „Охридско лето“, Александар Поповски рече дека интенција на фестивалската управа е во идните фестивалски изданија да има повеќе премиерни изведби, со претстави планирани и работени токму за „Охридско лето“.

„Планот е да се направи договор со сите театарски куќи во Македонија, како што беше порано обичај, одредени претстави да бидат премиерно изведени токму  на „Охридско лето“, рече Поповски.