МЗТ Скопје не бира, губи од сите

Кошаркарите на МЗТ Скопје го запишаа и 13 пораз во годинешната јадранска Аба лига откако попладнево на домашен терен загубија од Игокеа со 68-77. Гостите го контролираа мечот и во ниту еден момент не дозволија да бидат во подредена улога. Најефикасен кај домаќините беше Стојановски со 14 поени. МЗТ Скопје е убедливо најлош тим во лигата, има само две победи во 15 кола.