МЗТ Скопје лесно дојде до нова победа во Првата лига

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје запишаа нова победа во Првата лига откако денеска го совладаа тимот на Шкупи со 99:62 (33:12; 19:15; 26:20 и 21:15). Ова беше последниот дуел од 13.коло, а „металците“ ја постигнаа 10.та победа и се наоѓаат на третото место зад лидерот Работнички (13-0 победи/порази) и Блокотехна (11-2).

Убедливата прва четвртина во која играчите на МЗТ Скопје постигнаа 33 поени, а примија 12 ја навести победата.

Најефикасен кај победникот беше Бојан Трјковски со 17 поени, додека 16 реализираше Андреј Настовски. На овој дуел тренерот на првакот Жељко Лукајиќ, шанса им даде и на 17-годишните играчи Настовски и Дамјан Миса.