МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 76:70

Во последниот натпревар од 8.коло во македонскиот кошаркарски шампионат, МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 76:70. Како клучна за конечниот резултат се покажа разликата од 11 поени што домаќините ја создадоа во последните десет минути (21:10).

Резултати на натпреварите одиграни вчера:

Шкупи – АВ Охрид 90:101
Вардар – Гостивар 80:82
Блокотехна – Работнички 75:61
Фени Индустри – Кожув 82:63.

Табела: Блокотехна 15 бода, МЗТ Скопје 14, Работнички 13, Фени Индустри 13, Гостивар 12, Куманово 11, Кожув 10, Вардар 9, Пелистер 8, Охрид 8, Шкупи 6.