Меј свика вонредна седница на 2 јануари за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј го прекина божиќниот одмор на членовите на нејзината Влада и објави дека ќе ги повика на вонредна седница на 2 јануари во врска со се почестите најави за „тврд Брегзит“ (напуштање на ЕУ без договор).

Ова денеска го пишува „Фајненшл тајмс“ и додава дека непланираната седница се закажува за да се разработи план за дејствување во пресрет на дводневните дебати во британскиот Парламент за предлог-договорот со ЕУ закажани за 9 јануари.

Датум за гласање за предлогот се уште не е закажан. Пратениците првично требаше да се произнесат по прашањето на 11 декември, но Меј го одложи гласањето за јануари.