Меј: Да се обединиме за постигнување добар договор со ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј побара од Конзервативната партија да застане зад неа, со цел да и се овозможи на Владата да постигне добар договор со ЕУ за Брегзит.

Таа нагласи дека нејзиниот план во врска со тоа е „правилен пат“.

– Мојата порака до партијата е да се обединиме и да постигнеме најдобар договор за Британија, истакна Меј.

Премиерката на Британија ја упати пораката првиот ден од годишната конференција на Конзервативната партија.