Меси се враќа во репрезентацијата, пријавен е за дуелот со Венецуела

Најдобриот аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе се врати во националниот тим девет месеци по разочарувачките настапи на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на Барселона е пријавен во составот на Аргентина за пријателскиот натпревар со Венецуела закажан за 22 март во Мадрид.

Ова ќе биде второто враќање на Меси во националниот тим.

Тој не играше за „гаучосите“ по поразот од Франција во осминафиналето на Светското првенство 2018.

Досега Меси има 128 настапи за Аргентина. Повеќе од него имаат само Хавиер Маскерано (147) и Хавиер Занети (143). Со 65 погодоци, Меси е најефикасен, зад него на вечната листа е Габриел Батистута со 54 голови во сино-белиот дрес.

Сепак, во репрезентативната кариера на Меси остануваат четири изгубени финалиња, три во Копа Америка и едно на Мундијалите.