Меси заработил 126 милиони евра оваа сезона

Магазинот „Франс Фудбал“, објави имиња на фудбалери и фудбалски тренери кои најмногу заработиле во оваа сезона.

Меѓу фудбалерите на прво место е Аргентинецот, Лионел Меси со 126 милиони евра додека кај тренерите најплатен бил Жозе Мурињо со 26 милиони евра.

Меси тој износ го добил со плати во Барселона, разни бонуси и заработка од реклами.

Неговиот најголем ривал, Кристијано Роналдо од Реал, заработил 94 милиони евра.

Врз основа на тие бројки, Меси за секоја минута на теренот заработува по 25 илјади евра.

На трето место е Бразилецот Нејмар фудбалер на ПСЖ кој заработил 81,5 милиони евра.

Зад Мурињо на листата на тренери е Марчело Липи со 23 милиони. Трет е Аргентинецот Диего Симеоне, и четврти е Зинедин Зидан.

Во минатата сезона најмногу заработил Роналдо 87,5 милиони додека Меси бил втор со 76,5 милиони.

Фудбалери со најголема заработувачка:

1. Lionel Messi (Arg/Barcelona): 126 милиони евра
2. Cristiano Ronaldo (Por/Real Madrid): 94
3. Neymar (Bra/Paris Saint-Germain): 81,5
4. Gareth Bale (Vel/Real Madrid): 44
5. Gerard Pique (Spa/Barcelona): 29

Тренери со најголема заработувачка:
1. Jose Mourinho (Por/Manchester United): 26
2. Marcello Lippi (Ita/Kina): 23
3. Diego Simeone (Arg/Atletico Madrid): 22
4. Zinedine Zidane (Fra/Real Madrid): 21
5. Pep Guardiola (Spa/Manchester City): 20