Мерко: Ауди А6 од 70.000 евра не е луксузен автомобил

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во нова лимузина „Ауди А6“ вредна 67.000 евра, пренесува 24 вести. Општинaта на крајот од ноември лани покрај за градоначалникот, се подновила и со три други автомобили за кои вкупно платила 114.000 евра. Но, за Мерко аудито од речиси 70.000 евра не било луксузен автомобил, бидејќи обични граѓани возеле автомобили од над 100.000 евра.

„Н есе работи за луксузни возила, туку за возила кои се неминовна потреба на локалната самоуправа. не велите дека се луксузни кога обичните граѓани возат возила над 100 000 евра.“ – вели Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга.

Покрај автомобилот за градоначалникот, општината набавила и една „Шкода Октавија“ лимузина со пет седишта за речиси 19.000 евра како и два автомобили „Шкода Рапид“ исто така лимузини со пет седишта за вкупна цена од 28.500 евра. Тендерот го добила битолската фирма „ЈОСИФОВ ДООЕЛ увоз-извоз“.