Меркел: Сè уште не знаеме што навистина сака Британија

Европската унија се уште не знае што Британија навистина сака од преговорите за Брегзит, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа истакна дека договор за идните односи на Британија и ЕУ не смее да биде премноту недефиниран и повтори предупредување дека Лондон не може да бира само предности на единствениот европски пазар.

Според неа, декларацијата за идните односи мора да биде „што е можно поконкретна“ бидејќи планираниот 21-месечен транзициски период може да се покаже како прекраток за изработка на комплетниот договор за слободна трговија.

– Поигрување со времето исто така нема да им помогне на фирмите, изјави канцеларката.
– Не можете да припаѓате на единствениот европски пазар доколку само сакате да припаѓате на единствениот пазар во едно подрачје, но не и во трите преостанати, додаде таа.

Британија во март би требало да ја напушти ЕУ, но се уште не постигнала договор со ЕУ за условите за повлекување и за идните односи.