Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин


Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе денеска на рускиот претседател Владимир Путин на добивањето на уште еден шестгодишен мандат.

Таа повика на продолжување на дијалогот со цел да бидат пронајдени решенија за билатералните и меѓународните предизвици, се наведува во соопштение од нејзиниот кабинет.

„Денес е поважно од кога и да е да го продолжиме дијалогот и да ги охрабриме односите меѓу државите и народите“, посочи Меркел.

„На таа основа треба да вложиме напори да се ангажираме на конструктивен начин околу важните предизвици, како на билатерален, така и на меѓународен план, и да изнајдеме прифатливи решенија“.

„Средечно Ви честитам на резиборот и Ви посакувам успех во задачите кои се пред Вас“, напиша Меркел во честитката до Путин.