Меркел: Се уште има време за преговори

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека жали поради исходот на гласање во британскиот Парламент и оти има уште време за преговори помеѓу Европска унија и Велика Британија за излез од европскиот блок.

Таа наведе дека ќе направи се за да се изнајде решение, како и дека Германија е подготвена ако не дојде до договор.

– Се уште име време за преговори, но сега чекаме да видиме кои се предлозите на британската премиерка, посочи Меркел.

Откако британскиот Парламент вчера го отфрли предлогот на премиерката Тереза Меј за Брегзит, за денеска е закажано гласање за недоверба на Владата, на барање на опозицискиот лидер Џереми Корбин.

„Против“ планот за Брегзит гласаа 432 пратеници, а „за“ договорот беа 202.