Меланија Трамп со најкапути сезонава: Корс или Диор?

САД- Првата дама на САД Меланија Трамп (48) во изминативе недели смени четири капути: „Барбери“, „Ботега Венета“, „Мајкл Корс“ и „Диор“.

За дочекот на новогодишната елка во Белата куќа избра капут со тартан шара на „Мајкл Корс“, а најновиот со геометриски форми на Диор е најскап и чини 10 илјади долари.

Го облече за традиционалната годишна церемонија со која помилува две мисирки во Белата куќа, во пресрет на американскиот празник Ден на благодарноста.

Капутите ги искомбинира со тесни пантолони и црни чизми на „Кристијан Лабутин“.

Американскиот претседател Денот на благодарноста ќе го помине со семејството на неговиот имот на Флорида.