Мег Рајан основа продуцентска куќа: „Ќе биде тоа интелигентен филм“

Кралицата на романтичните комедии Мег Рајан одлучи да основа продуцентска куќа и веќе го подготвува својот прв филм.
Во разговор со новинар за весникот „Њујорк тајмс“ таа вели дека ќе снима романтична комедија по свој вкус кој ќе биде во фазон на филмовите кои ги снимала Нора Ефром („Кога Хари ја сретна Сали“, „Добивте пошта“, „Бессони во Сиетл“)
Актерката за „Тајмс“ вели дека за сега филмот се уште нема наслов, но секако нема да биде сладок, туку интелигентен и дека на духовит начин ќе го коментира современиот свет.
Таа не сакаше да зборува за тоа кои актери ги ангажирала, но уверена е дека одбрала добри актери кои одлично ќе ја одиграат улогата во нејзиниот филм.
„Вистинскиот шарм е нешто вродено и можам да го видам во актери како Џенифер Лоренс, Ема Стон или Рајан Гослинг“, вели Мег Рајан.