(Фото) Меган Маркл во бело: Историска посета на Фиџи

Фиџи– Принцот Хари и Меган Маркл по 12 години откако член на кралското семејство го посетил островот, некогашна британска колонија, го посетија Фиџи, како дел од 16-дневната турнеја која ги опфаќа и Австралија, Нов Зеланд и Тога.

За историската посета принцезата од Сасекс избра бел фустан на австралискиот дизајнер Зимерман, бела шапка и црни полусандали, веќе видени на Табита Симонс. Накитот е дискретен, на Картие, подарок од сопругот , принцот Хари и на свекорот, принцот Чарлс.

Двојката се венчаше во мај, а очекува принова напролет.

Во 2006 година Фиџи го посети принцезата Ана, сестрата на кралицата Елизабета Втора.