Меган и Хари на меден месец во природа во Канада

Англија- Со недели се шпекулира за медениот месец на Меган и Хари, па додека сите очекуваа некоја романтична плажа и ексклузивен ресорт, двојката очигледно одбра поскромна варијанта. Нивниот избор биле скромните бунгалови во Канада, лоцирани во Jasper националниот парк, тврдат извори на TMZ.

Една ноќ во овие дрвени куќички чини околу 5.900 евра, а токму тука престојувале и кралицата Елизабета и принцот Филип во 2005-та година.