Меган и Хари елегантни на роденденот на Чарлс

Англија– Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, за прв пат се појави во јавноста како војвотката од Сасекс, на официјален настан на кралското семејство. Заедно со Хари таа присуствуваше на свеченост по повод 70-тиот роденден на принцот Чарлс во Бакингемската палата.

Таа беше облечена по протоколот на кралското семејство – со фустан со должина под колената, тенки хулахопки и класична дневна шапка. Коментарите за нејзиниот прв „кралски“ изглед беа претежно позитивни.

Двојката се уште не одлучила каде за меден месец, иако се знае дека ќе биде во Африка.