МВР: Во Шутка нема пријавено исчезнато или грабнато дете

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека во изминатите два дена не добиле пријава за исчезнато или грабнато лице од ниту едно семејството на подрачјето од Шуто Оризари, алудирајќи на гласиштата дека во оваа скопска населба е евидентиран случај на киднапирање на дете.

Од полицијата соопштуваат дека во понеделникот околу 17.20 часот било пријавено дена на улицата „Индира Ганди”, малолетничка, наводно, видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор.

„Околу 19 часот на истата улица се собрала поголема група граѓани и тогаш наишло патничко моторно возило ‘хјундаи галопер’, во кое се наоѓале А.Р.(34) од Скопје и Ф.К. (24) од Долно Блаце, скопско. Станува збор за полициски службеници кои не биле на работа. Со нив бил и Б.К. (39), исто така, од  Долно Блаце при што истите биле нападнати од насобраните граѓани. На Ф.К. и Б.К. им биле нанесени тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска општа болница ‘8. Септември’ и комплекс клиники ‘Мајка Тереза’. На А.Р. му биле констатирани телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и полициски службеник кој преземал службени дејствија на местото на настанот. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.