Мајкл Хигинс реизбран за претседател на Ирска

Ирскиот претседател Мајкл Хигинс освои втор мандат откако доби 55,8 проценти од гласовите на изборите.

– Претседателството не припаѓа на едно лице туку на народот на Ирска. Ќе бидам претседател на сите луѓе, и на оние кои гласале за мене и на оние кои не гласаа, истакна синоќа Хигинс.

На претседателските избори што се одржаа во петокот имаше мала излезност, под 45 проценти, што е најниска до сега.

Претседателот на Ирска има церемонијална функција во парламентарната демократија на Ирска, предводена од премиерот Лео Варадкар.