Мајкл Оливер ќе го суди финалето на ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи

Фудбалската федерација на Англија одлучи Мајкл Оливер да суди на финалниот натпревар во ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.

Судијата Оливер се најде во центарот на вниманието откако досуди пенал за Реал Мадрид во последните секунди на реванш натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите. Па наместо очекуваните продолженија Кристијано Роналдо постигна гол од белата точка и го исфрли Јувентус.

На одлуката која предизвика многу контроверзи жестоко реагираше голманот Џанлуиџи Буфон, кој го навреди судијата, по што доби црвен картон и суспензија.

Финалето во ФА Купот ќе се игра на 19 мај на „Вембли“, а триесет и три годишниот судија од 2010 година дели правда на натпреварите во Премиер лигата и очигледно ја има довербата на раководството на Фудбалската федерација на Англија.