Мајката на славните манекенки Хадид: Конечно живеам во тело без импланти, ботокс и филери

САД- Јоланда Хадид, некогашен модел и мајка на познатите манекенки Џиџи и Бела Хадид, откри дека, сега, на 55 години се соочила со стареењето.

“Конечно се вратив на оригиналот од 1964-та година. Живеам во тело кое е без импланти во градите, филери, ботокс, екстензии и сите останати глупости кои мислев дека ми се потребни за да бидам во чекор со општеството, кое ме убеди како треба да изгледа една секси жена, се додека тоа не ме уби”, изјавила Јоланда.

“Потребни ми беа многу години да исправам некои лоши одлуки кои ги донесов за себе. Сега ја пронајдов слободата да ја прифатам убавината според моите стандарди”, додала таа.

На Јоланда во 2012 година и била дијагностицирана Лајамска болест, а до денес целосно заздравела од неа. По бројните терапии Јоланда вели дека посетила повеќе од 100 лекари и се заздравила 80 проценти.