Мас: Германија и натаму е за дијалог со Русија

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас потврди дека Русија протерала четворицата германски дипломати, но додаде дека Берлин останува отворен за дијалог со Москва.

– Вестите од Москва не се изненадување. Дури и во сегашната атмосфера, ние сме подготвени за дијалог со Русија и ќе работиме на европската безбедност и на конструктивни идни односи меѓу нашите земји, рече Мас.

На почетокот на неделата Германија потера руски дипломати, во знак на солидарност со Велика Британија, која ја обвини Москва дека стои зад труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија.