Марсело не планира да замине од Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, ги отфрли се почестите гласини за неговото заминување од шпанскиот клуб.

Наводно Марсело е незадоволен по заминувањето на Кристијано Роналдо и на тренерот Зинедин Зидан и сака го напушти мадридскиот клуб.

–   Да го напуштам Мадрид? Не сум чул дека постојат понуди! Никој не му е полојален на Реал од мене, истакна Марсело.

Според италијанските медиуми Јувентус е сериозно заинтересиран за Марсело, со цел повторно заедно да играат со Роналдо.