Марота ја презеде должноста извршен директор на Интер
Џузепе Марота денеска официјално беше претставен како нов извршен директор на фудбалскиот клуб Интер.
Поранешниот висок раководител на Јувентус од денска започна со работа во Интер, кој ќе се обиде да го врати на врвот во Италија.
Пред околу еден месец Марота го напушти Јувентус, по долги години минати во клубот.
– Од денеска сум дел од големиот Интер. Ова ме тера да се чувствувам многу горд. Ќе ја исполнувам важната функција на извршен директор. Ова е важен и одговорен предизвик во мојот професионален живот. Не се плашам. Започнуваме нешто ново и треба да излеземе како победници, прокоментира Марота.