Марк Овермарс потпиша нов договор со Ајакс

Спортскиот директор на холандскиот Ајакс, Марк Овермарс го продолжи договорот со клубот до 2024 година со што ги прекина сите шпекулации за негово заминување. Тој денеска потпиша нов петгодишен договор.

– Има многу предизвици во Ајакс и сите се чувствуваме добро. Ние преземаме различни чекори како во помладите категории, така и во првиот тим и од спортска гледна точка, сакаме многу повеќе да постигнеме. Среќен сум затоа што сум опкружен со многу добар тим од луѓе, рече Овермарс.

Голем број  европски клубови покажаа интерес за услугите на поранешниот холандски фудбалер. Арсенал беше најгласниот, но ќе останат лишени за соработка со нивниот поранешен фудбалер.

Оврамарс има 45 години и за време на неговата кариера играше, меѓу другото, во дресови на Ајакс, Арсенал и Барселона.