Марез е замена за Кутињо во Ливерпул

Само неколку часа откако Филипе Кутињо и официјално стана нов члена на Барселона, неговиот доскорешен тим Ливерпул најде замена за него.

Ливерпул реши да потроши 55 милиони евра од заработката, за да го ангажира фудбалерот на Лестер, Ријад Марез.

Како што пишуваат англиските медиуми, Марез се очекува во текот на денов да се појави на „Енфилд“ и да ги мине лекарските прегледи, по што трансферот треба да биде официјализиран.

Според најавите, Алжирецот ќе потпише договор до 2022 година.

Марез во 2014 година дојде во Лестер за скромни половина милион евра, а за „лисиците“ тој настапи 162 пати и постигна 43 голови. И сезонава Алжирецот игра во одлична форма па на 24 натпревари има постигнато осум голови, а запиша и исто толку асистенции