Марго Роби доби понуда од Тарантино да ја игра Шерон Тејт

САД – На 11-ти јули минатата година, Квентин Тарантино се сретнал со Марго Роби за да ѝ ја понуди улогата на Шерон Тејт во неговиот следен филм. Таа ја има понудата во своите раце и преговорите се во тек за да се оствари оваа соработка. Роби, која оваа година беше номинирана за главната улога во филмот „Јас, Тоња“, ќе му се придружи на Бред Пит и Леонардо Ди Каприо во „Си било некогаш“ во Холивуд.

Додека Тарантино го комплетира тимот, „Сони“ продукцијата ја закажа светската премиера на 9-ти август, 2019 година. Филмот ќе биде во познатиот Тарантино стил, како неговиот „Евтини Приказни“, во кој дејствието ќе се одвива во лос Анџелес во 1969-та година, за време на хипи движењето во Холивуд, кога се случило убиството на Тејт и неколкумина други во геноцидот нарачан од Чарлс Менсон.

Другите две главни улоги се Рик Далтон кој ќе го игра Ди Каприо, додека Бред Пит ќе ја има улогата на неговиот долгогодишен дублер Клиф Бут. И двајцата се обидуваат да успеат во Холивуд, кој веќе не го препознаваат. Во филмот, Тејт е познатата сосетка на Рик.