Марадона: Мурињо е најдобриот, доаѓам да учам од него

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, изјави дека менаџерот на Манчестер Јунајтед неспоредлив меѓу тренерите и планира да го посети „Олд Трафорд“ за да научи нешто од него.

Марадона работеше како тренер во „Емирати“, пред да стане селектор на Аргентина, а во моментов е предводник на мексиканскиот второлигаш Дорадос.

– Како тренер, морам да учам уште многу и затоа имам намера да го посетам Мурињо во Манчестер, изјави контроверзниот Аргентинец.

Според него, на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити му е многу полесно поради поквалитетните играчи и одврзените раце да донесе кого сака.