Манчестер Јунајтед и оваа година е најбогат клуб во Европа

Премиерлигашот Манчестер Ј. втора година по ред е најбогат европски клуб според истражувањето на ревизорската куќа „Дилојт“. Јунајтед во сезоната 2016/17 заработи вкупно 676,3 милиони евра или 1,7 милиони евра повеќе од европскиот првак Реал Мадрид кој дури 11 години беше на врвот на оваа листа.

Минатата сезона, „црвените ѓаволи“ остварија приход од 44 милиони евра на патот до титулата во Лига Европа.

Трета е Барселона со 648,3 милиони, а во топ 10 уште се и Баерн Минхен (587,8 милиони), Манчестер сити (527,7), Арсенал (487,6), ПСЖ (486,2), Челзи (428), Ливерпул (424,2) и Јувентус (405,7).

Според податоците на реномирана британска куќа, заработката на 20. најбогати клубови во Европа порасна за шест отсто и изнесува рекордни 7,9 милијарди евра.