МАНУ: Прогласување на добитникот на „Златен венец“ за 2019

Задутре, во МАНУ, во 11 часот, на свечена седница ќе биде прогласен добитникот ја наградата „Златен венец“ за 2019 година, на СВП.

Лани, добитник на престижната награда беше полскиот поет Адам Загајевски (74), дисидент, кој ја напуштил Полска во 1975. Долги години предавал на Универзитетот во Хјустон, сега повремено предава на Универзитетот во Чикаго, а остатокот од годината (од 2002) живее во Краков со сопругата Маја, која е психотерапевт.