Мануел Ноер се враќа во април на голот на Баерн

Најдобриот германски голман Мануел Ноер закрепнува од повредата и се очекува во април да биде во составот на Баерн Минхен за натпреварите од Лигата на шампионите.

Репрезентативниот чувар на мрежата поради повреда на стапалото веќе со месеци е надвор од фудбалските терени, а тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес соопшти дека Ноер, во моментот, е 80 отсто подготвен за настап.

„Големи се шансите тој да се врати во април, но ние нема да брзаме со него и да го притискаме да го направи тоа. Ноер во консултација со медицинскиот тим ќе одлучи за враќањето“, информира Хајнкес.

Враќањето на Ноер со нетрпение го очекува и германскиот селектор Јоаким Лев кој ќе го предводи актуелниот светски првак на Мундијалот во Русија претстојното лето