Манифест за демократизација на Европа


Томас Пикети, Антоан Вокез

Во критичен момент за Европа, Манифестот кој следува – кој може да го потпишат сите европски граѓани откако ќе го прочитаат – донесува предлози за совладување на отпорот на политичките промени без апстрактни дискусии; донесува конкретен план за демократизација на европските институции и политики во насока на поголема фискална и социјална правда и ефикасно решавање на ургентните еколошки и миграциски проблеми во Европа.

Актуелниот модел на управување со Европа консолидиран во деценијата по финансиската криза не е само нетранспарентен и нереален, што го олицетворува еврогрупата, туку е и идеолошки наклонет на економски политики кои се исклучиво насочени кон финансиските и буџетските цели. Очекувано, Европа се покажа неспособна да одговори на предизвиците со кои се соочува: растечките нееднаквости ширум континентот, брзото зголемување на глобалното загревање, приливот на бегалци, структурен недостиг на инвестициите во јавниот сектор (првенствено во универзитети и истражувања), даночни измами и избегнување на даноци…

Охрабрувајќи ги земјите членки кои сакаат да се занимаваат со актуелната политичка и општествена криза на европскиот проект, нашиот предлог опфаќа буџет за долгорочно инвестирање во државна сопственост на европско ниво со цел да се совладаат социјалните нееднаквости на ниво на Унијата и да се обезбеди постојана економска изводливост на автентичниот политички модел за социјална, праведна и одржлив развој на Европа.

Финансирањето на буџетот е засновано на фискална солидарност преку воведување четири европски даноци – на високи примања, имот, емисии на гасови на јаглерод, како и усогласен данок на корпоративниот профит. Дали денес придобивките од европските интеграции, пред сè, ги имаа најмоќните и најмобилните економски и финансиски актери: најголемите мултинационални компании, домаќинствата со високи примања и големи имоти. Европа ќе ги поврати врските со своите граѓани само ако докаже дека е способна да воспостави искрена европска солидарност, со тоа што главните корисници на процесот на глобализацијата ќе придонесат за финансирање на јавните добра на неопходните Европа.

Таквите политики се практично невозможни во постојната институционална рамка, особено затоа што правото на вето за секоја држава го спречува заедничкиот фискален правец. Договорот за демократизација на Европа (Т-дем) поставува платформа за обновена демократска рамка, каде што овие нови економски политики, посебно буџетот, не само што би биле можни туку и легитимни.

Со воспоставување на европско собрание задолжено за расправа и гласање за буџетот, земјите членки можат да си овозможат правично да ги оданочуваат најпросперитетните актери и така да го финансираат предложениот заеднички буџет. Во својот состав, кој вклучува и национални и европски пратеници, европското собрание, исто така, би имало легитимитет да функционира како контратежа на големото влијание кое го има европскиот модел на економско управување врз социјалниот пакт во одредени држави.

Манифестот

Ние, европските граѓани, од различно потекло и од различни земји, денес го претставуваме овој повик за основен преобразување на европските институции и политики. Овој манифест содржи конкретни предлози, како што се проектот на Договорот за демократизација и Буџетскиот проект, кои земји може веднаш да го усвојат и применат ако сакаат, при што ниту една земја не може да спречи другите да ги применат. Манифестот може да го потпишат онлајн сите европски граѓани кои се препознаваат во него. Секое политичко движење може да го менува и унапредува.

По „Брегзитот“ и доаѓањето на антиевропски влада на чело на неколку земји членки повеќе не може да се продолжи по старо. Не можеме да чекаме следното излегување од Унијата или понатамошно разградување без основни промени во современа Европа.

Денес, нашиот континент е заробен помеѓу, од една страна политичките движења чија програма е сведена на прогон на странци и бегалци, а кои веќе се спроведуваат, додека од другата страна има партии кои тврдат дека се европски, но кои всушност и понатаму сметаат дека тврдокорниот либерализам и проширувањето на конкуренцијата – на државите, фирмите, териториите и индивидуите – е доволно да го дефинираат политичкиот проект. Никако да сфатиме дека токму таквиот недостаток на социјални амбиции создава кај граѓаните чувството на напуштеност.

Постојат социјални и политички движења кои се обидуваат да го прекинат овој фатален дијалог, да се насочат кон создавање на нови политички, општествени и еколошки основи на Европа. За време на деценијата на економската криза ги надмина овие, типично европски критички ситуации: структурен недостиг на инвестиции во јавниот сектор, особено во областите на образованието и истражувањето; продлабочени социјални нееднаквости; забрзан пораст на глобалното загревање; криза во прифаќањето на мигрантите и бегалците. Меѓутоа, овие движења често не успеваат да формулираат алтернативен проект и да го опишат точно како би сакале да ја организираат Европа на иднината и инфраструктура за одлучување која би била својствена за неа.

Ние, европските граѓани, објавувајќи ги овој Манифест, договор и буџет, изложуваме конкретни предлози кои се јавно достапни за сите. Предлози не се совршени, но ја имаат предноста да постојат. Јавност може да ги оцени и подобри. Засновани се на едноставно уверување: Европа мора да изгради автентичен модел за да обезбеди праведен и стабилен општествен развој на своите граѓани. Единствениот начин да им се обрати е да се откаже од нејасни и теоретски ветувања Европа може да ја обнови солидарноста со своите граѓани само ако дава конкретни докази дека е способна да воспостави соработка меѓу Европејците и да ги наведе оние кои имаат корист од глобализацијата да покажат дека придонесуваат за финансирање добра во јавниот сектор чиј недостаток во Европа денес е огромен. Големите фирми треба да придонесат повеќе од малите и средните, а најбогатите даночни обврзници треба да платат повеќе од сиромашните. Ова денес не е случај.

Нашите предлози се засновани на изработка на буџет за демократизација, за што ќе се расправа и гласа во суверено европско собрание. Тоа би ѝ овозможило на Европа да се опреми со јавна институција која е во состојба и непосредно да решава кризи и да произведе група на основни јавни и социјални добра и услуги во рамките на постојната економија базирана на солидарност. На овој начин, ветувањето дадено во времето на Римскиот договор за „хармонизација на животните и работните услови“ конечно ќе добие значење.

Овој буџет, ако европското собрание така сака, ќе биде финансиран од четирите главни европски даноци, опипливи маркери на оваа европска солидарност. Тие би се применувале на профитите на најголемите фирми, на највисоките приходи (над 200.000 евра годишно), најголеми сопственици на имоти (преку милион евра) и на емисиите на јаглерод (со минимална цена од 30 евра по тон). Ако е фиксиран на 4 отсто од БДП, како што предлагаме, овој буџет би можел да финансира истражување, образование и европски универзитети, како и амбициозна инвестициска програма за преобразување на нашиот економски модел, прифаќање и интеграција на мигрантите и поддршка на оние кои учествуваат во спроведувањето на трансформацијата. Исто така, земјите членки ќе овозможат простор за маневрирање со цел да се намали регресивното оданочување кое ги оптоварува платите или расходите.

Тука не станува збор за создавање на „Европа за трансфер на пари“ за да се зема од „добрите“ земји и да им се дава на лошите. Проектот на Договор за демократизација се занимава изречно со ова, ограничувајќи го јазот помеѓу пресметаните трошоци и наплатуваните приходи во една земја на праг од 0,1 отсто од нејзиниот БДП. Пред сè, тоа е намалување на нееднаквостите во различни земји и инвестирање во иднината на сите Европејци, на почеток, од најмладите меѓу нив, без привилегирани земји.

Бидејќи мораме да работиме брзо и да ја изведеме Европа од постојниот технократски ќор-сокак, предлагаме формирање европско собрание. Тоа ќе овозможи да се расправа и да се гласа за нови европски даноци и буџет за демократизација. Европското собрание може да се воспостави без измени на важечките европски договори.

Европското собрание, секако, треба да комуницира со постојните институции во кои се донесуваат одлуки (посебно со еврогрупата, во рамките на која министрите за финансии на земјите на еврозоната ќе се состануваат неформално секој месец). Но во случај на несогласување, собранието би го имала конечниот збор. Во спротивно, би била компромитирана неговата способност за нов транснационален политички простор, во кој партиите, општествените движења и невладините организации конечно ќе имаат можност да се изразуваат. Исто така, во прашање би била доведена и вистинската важност на собранието како платформа преку која Европа конечно би се оттргнала од вечната инерција на меѓувладините преговори. Треба да се има на ум дека правилото на фискалната едногласност во Европската унија со години го блокира донесувањето на кој било европски данок и го одржува фискалниот дампинг на богатите и најмобилните, што е практика која, и покрај сите ветувања, и денес е во сила. Тоа ќе продолжи ако не ако не се утврдат други правила на одлучување.

Со оглед на тоа што ова европско собрание ќе може да пропишува даноци и да влезе во самата срж на демократскиот, фискалниот и социјалниот договор во земјите членки, важно е вистински да се вклучат националните и европските парламентарци. Давајќи централна улога на националните пратеници, националните парламентарни избори de facto ќе бидат и европските избори. Националните пратеници нема да можат повеќе да префрлат одговорноста на Брисел, туку ќе мора да им објаснат на своите гласачи проектите и буџетите што планираат да ги бранат ја одбранат во Европскиот парламент. Со собирање на националните и европските парламентарци во единствено собрание ќе се утврди заедничко управување кое моментално постои само меѓу лидерите и министрите за финансии.

Затоа, во Договорот за демократизација – достапен онлајн – предлагаме 80 отсто од членовите на европското собрание да бидат пратеници од националните парламенти на земјите потписнички на Договорот (во однос на бројот на жители и политички групи), а 20 отсто од актуелниот состав на Европскиот парламент (во размер со политичките групи). Овој избор заслужува понатамошната дискусија. Нашиот проект би бил функционален и со помало учество на пратениците од националните парламенти (на пример 50 отсто). Но, според нашето мислење, претераното намалување на овој размер може да го намали легитимитетот на европското собрание за учеството на сите европски граѓани во склучувањето на новиот социјален и фискален пакт, а судирите на демократскиот легитимитет помеѓу националните и европските избори може рапидно да го урнат овој проект.

Сега мораме брзо да дејствуваме. Иако би било пожелно сите земји од Европската Унија без одлагање да пристапат кон овој проект, и покрај тоа што би било важно во самиот почеток да го прифатат четирите најголеми земји на еврозоната (кои заедно сочинуваат повеќе од 70 отсто од БДП и населението во зоната), целиот проект е дизајниран така што која било подгрупа на земји кои го сакаат тоа да можат законски и економски да го усвојат и применат. Ги повикуваме сите мажи и жени да преземат одговорност и да земат учество во детална и конструктивна дискусија за иднината на Европа.

Текстот на Манифестот го подготвија седуммина автори: Мано Бужу, економистка; Лука Шансел, потпретседател на Лабораторијата за нееднаквост во светот, Париска школа за економија; Ан-Лор Делат, економисткa, соработник на Националниот центар за научни истражувања; Стефани Енет-Воше, правник, професорка Универзитет Париз-Натер; Томас Пикети, економист, професор на Париска школа за економија и Школа за високи студии на општествени науки; Гијо Сакрист политиколог, шеф катедра на Универзитетот Париз 1-Сорбона; Антоан Воше, политиколог, професор Национален центар за научни истражувања, Универзитет Париз 1-Сорбона – а го потпишаа и многу други.

(Манифестот беше објавен во списанието „Социјална Европа“)