Мане испрати 300 дресови на Ливерпул во неговото село во Сенегал
Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, одлучи да ги изненади сонародниците во Сенегал и во селото од каде потекнува испрати 300 дресови пред финалето во Лигата на шампионите.
Фудбалерот ги испрати дресовите во селото Бамбали на југот од Сенегал, каде живеел до 2005 година и таму го гледал и финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Милан, кога со пресврт и пенал победи англискиот клуб.
– Некој тогаш да ми кажеше дека ќе играм во финалето на Лигата на шампионите ќе му одговорев дека тоа е нестварно. Во ова село се уште живее моето семејство, мајка ми и вујко ми. Сите 2.000 жители на селото ќе го гледаат финалето. Купив 300 дресови и им ги испратив таму за да можат да ги носат додека го следат финалето. Летово ќе ги посетам по Светското првенство во Русија и се надевам дека ќе можам да им покажам златен медал, истакна Мане.
Ливерпул утре во Киев во финалето на Лигата на шампионите ќе се соочи со Реал Мадрид, кој е бранител на титулата.