Манекенки на „Ив Сен-Лоран“ одеа по вода на ревијата во Париз

Франција– Манекенки како да одат по вода во позадината на Ајфеловата кула, носејќи секси облека за дефилето на модната куќа „Ив Сен Лоран“ во рамките на Париската модна недела.

Белгискиот моден дизајнер Антони Вакарело побара да биде издигнат подиум во фонтаната на Трокадеро, кој беше опкружена од вештачки палми, осветлени со бела неонска светлина.

Во првиот ред беа манекенките Кејт Мос и Синди Крафорд, француската актерка и пејачка Шарлот Генсбур, Франсоа-Анри Пино – извршниот директор на групата Kering, која е сопственик на модната куќа „Ив Сен Лоран“, и неговата сопруга – актерката Салма Хајек, облечена во црно од глава до пети.

Карактеристичната за колекциите на модната куќа црна боја е насекаде, како и златната и „шљокици“. Овој пат, сепак имаше и некои акценти, како црвени капи, зелени кошули, кратко здолниште со декорација од ѕвезди и со панделка на грбот. Познатата рок естетика, воведена од Еди Слим во модната куќа и продолжена од Антони Вакарело е демонстрирана уште еднаш преку тeсни панталони и изобилство од кожи.

Кратки панталони од ткаенина тексас или црна кожа се носени со чизми од кожа од питон или со златни или сребрени сандали со дебели ѓонови. Вечерни фустани се сведуваат до костими за капење носени со високи потпетици. Фустаните се долги и транспарентни, а под него се гледаат гради.