(ВИДЕО) Манекенка договори средба со 150 момчиња одеднаш, па ги натера да се натпреваруваат за неа

Манекенката Наташа Апонте од Њујорк последниве неколку месеци преку социјалната мрежа Тиндер се допишувала со повеќе од 150 мажи, па договорила средба со сите нив одеднаш, пишува Гардијан.

Манекенката пред нив сепак премолчала нешто… Имено, секој од нив мислел дека тој е единствениот со кој таа ќе се сретне, но се излажале. Кога сите тие викендов во 18 часот дошле на Плоштадот Јунион во Менхетн, еден по еден сфатиле дека ова нема да биде обична средба…

Прво, на локацијата ги пречекал Ди-џеј Ник АМ и сцена. Момците брзо се собрале околу бината и по кусо време, Апонте се појавила пред нив. Манекенката договорената масовна Тиндер средба ја претворила во натпревар за нејзиното внимание. Околу бината веднаш се позиционирале сниматели кои имале задача да го документираат цел тој настан.

– Морам нешто да ви признаам… Ве доведов овде за да излезете со мене на состанок, им се обрати Понте на присутните. Потоа, таа појасни дека се повлекла од апликацијата за запознавање и дека сега сака нејзините додворувачи да се натпреваруваат за нејзиното внимание.

Прво ги дисквалификувала сите кои се пониски од 178 сантиметри, оние кои се викаат Џими (оти, како што самата изјавила, тоа име не и се допаѓа), и сите кои неодамна раскинале со девојка. Потоа ги отстранила оние кои се во врска (истражувањата покажуваат дека над 50 отсто од мажите на Тиндер се во врска), како и оние што гласале или го поддржуваат Доналд Трамп.

– Ако мислите дека можете да го подржувате Трамп и да бидете во врска со Порториканка, веднаш напуштете го ова место, нагласи Апонте.

Од оние кои останале побарала да направат 30 склекови.

Подоцна ги елиминирала сите кои имаат долги бради, пивски стомаци, чевли Томс и валкано-кафени панталони. Потоа ги испратила и пушачите, па и оние кои биле заинтересирани само за секс.

Преостанатите имале уште една задача, со цел изборот уште повеќе да се намали. Тие морале во една минута да образложат зошто Наташа Апонте би требало да излезе токму со нив.

Амир Плезантс (21) од Монтклер, Њу Џерси, во тој момент се повлекол. За „Њујорк Тајмс“ тој раскажал дека Апонте пред неколку месеци го побарала и му рекла дека сака да се најде со него на 19 август и оти нејзиниот пријател ди-џеј настапува тој ден на Плоштадот Јунион.

Плезантс вели дека на крај навистина имало победник кој освоил состанок со Апонте, но не му го запомнил името.