Манекенката Миранда Кер очекува дете со младиот милијардер

САД- Светски познатиот топ-модел Миранда Кер очекува дете со младиот милијардер Еван Шпигел. Миранда убавата вест ја соопшти по шест месеци брак со основачот на социјалната мрежа Снепчет.Иако ова е нивно прво заедничко дете, Миранда веќе го има синот Флин од претходниот брак со холивудскиот актер Орландо Блум.

„Миранда, Еван и Флин со радост го очекуваат доаѓањето на новиот член на семејството“, пишува „ЈуЕс викли“. 34-годишната Миранда и Еван се во брак од мај. Двојката ја најави свршувачката уште во јуни 2016 година кога Миранда на својот профил на Инстаграм објави фотографија од дијамантскиот прстен.

И покрај возрасната граница Миранда вели дека 27-годишниот Еван е многу зрел.

– Доаѓа од работа порано. Не излегуваме, преферираме да вечераме дома и одиме рано на спиење. Родителството ме научи на трпение и безусловна љубов – рекла Миранда.