Малку фалеше Металург да прокоцка предност од 11 гола!

Македонскиот вицепрвак Металург стигна до минимален триумф над Татран Прешов (31-30) во СЕХА – лигата, иако во текот на мечот имаше и 11 гола разлика но во последните десет минути Татран Прешов направи неверојатна серија, па за малку Металург од готов ќе си направеше вересија.

Гостинскиот играч Буторац последователно на крајот даде три гола, па разликата падна на само еден гол, но за среќа Металург славеше (31-30).

Јагањац со 9 гола беше најефикасен кај Металург во чии редови по пет гола дадоа Пешевски, Кузмановски и Токиќ.