Малком наместо во Рома заврши во Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека е постигнат договор за трансфер на Малком Филипе Силва де Оливеира од Бордо за сума од 41 милион евра.

Иако, во понеделникот Бордо и Рома постигнаа договор за трансфер вреден 36 милиони евра, каталонскиот клуб во последен час успеа да го наговори 21-годишниот бразилски фудбалер и да го доведе во своите редови.

Тој утре треба да пристигне во Барселона и по извршените лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор.