Мали инциденти на протестите во Солун против Договорот од Преспа

Помала група демонстранти предизвика мали инциденти на крајот од протестот во Солун, против Договорот од Преспа и по повод политичкиот настан на СИРИЗА на кој говореше грчкиот премиер.

Според локалните медиуми, групата, со пиротехнички материјали ја нападнала полицијата, која одговорила со мала количина солзавец, а кусо интервенирала и со водени топови, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно, насобраните граѓани, организирани преку социјалните мрежи од десничарско ориентирани здруженија и организации, кои што се против Договорот од Преспа, со грчки знамиња и со слогани „Ципрас, предавнику“, од Белата кула се упатија кон спортската сала каде што требаше да започне говорот на Ципрас. Откако наидоа на полициска блокада и не им беше дозволено да продолжат, се вратија назад и одново беа спречени во нивната намера, вториот пат, да стигнат до канцелариите на СИРИЗА.

Грчката новинска агенција АНА-МПА јави дека пред почетокот и за време на протестот, полицијата, превентивно, привела најмалку 20 лица, без да биде познато дали некој е уапсен.

Во исто време, антифашистички протест, кој заврши мирно, организираа анархистички групи и здружениј